send link to app

Telekom MK


4.4 ( 3344 ratings )
Wirtschaft
Entwickler Makedonski Telekom AD - Skopje
Frei

Подобрената мобилна апликација Telekom MK ви ги нуди сите информации за вашата искористеност на интернет, минути, роаминг и SMS на вашите мобилни броеви, воедно е најдобрата алатка за едноставно и лесно следење на сите ваши услуги на едно место. Дополнително, Telekom MK ви нуди најбрз и најбезбеден начин да ги платите вашите сметки и да надополните припејд ваучер. Управувајте со вашите и услугите на вашите најблиски насекаде во секое време.

1. Едноставно следете ја потрошувачката – Сѐ на почетниот екран.
• Проверете во секое време колку минути имате потрошено и колку преостануваат.
• Имајте преглед на потрошувачката на мобилен интернет брзо и едноставно.
• Следете повеќе додадени услуги: управувајте со услугите на вашите најблиски преку додавање на нивните проеви на вашиот профил.

2. Управувајте со повеќе услуги на едно место
• Управувајте со сите услуги со едноставен преглед: разговори, SMS, роаминг, интернет пакети и фиксни услуги.
• Управувајте со додадени броеви од вашите најблиски
• Додадете нови броеви на вашиот профил едноставно и брзо

3. Имајте преглед на деталите за услугите и активации на дополнителни пакети
• Добивајте известување за месечните сметки и нивниот статус
• Купете дополнителни пакети за разговори, SMS, роаминг и интернет.

4. Платете ги вашите сметки или сметките на други со внесување на бројот на фактурата или со скенирање на баркодот на хартиената сметка. Платете ги вашите сметки во движење на брз и едноставен начин
• Платете повеќе сметки одеднаш
• Платете електронски со кредитна или дебитна картичка
• Добивајте нотификации за навремено и редовно плаќање на сметките
• Проверете ги платените сметки од минатите месеци

5. Дополнување на припејд ваучер
• Уживајте во ексклузивните понуди само преку Telekom MK и бидете во тек со останатите понуди
• Надополнете го вашиот припејд ваучер или на друг Телеком број
• Едноставно активирајте дополнителни пакети